Пеп: Ќе смислам неверојатна тактика, утре ќе играме со 12 играчи!
Утре се отвара четврфиналната рунда во Лигата на шампионите, а еден од дуелите кој е на програмата е оној меѓу англискиот и шпанскиот првак, Манчестер Сити-Атлетико Мадрид.
Ова е нов предизвик, тест за „граѓаните“ предводени од Пеп Гвардиола кои се сметаат за можеби топ фаворити за пехарот кој пак шпанскио стратег го нема освоено уште од времето кога ја водеше Барселона. Гвардиола често знае да биде критикуван за неуспесите во ова натпреварувања со Баерн Минхен и сега со Сити, па тој одлучи да ги поздрави критичарите.
-Во Лигата на шампионите секогаш премногу размислувам, премногу размислувам. Затоа имав добри резултати. Сакам да размислувам премногу и да создавам глупави тактики. Вечерва ќе имам инспирација и утре ќе има неверојатна тактика. Ќе играме со 12, -рече Пеп кој имаше што да каже и за оние што го критикуваат стилот на игра Атлетико и Чоло Симеоне.
-Гледајќи го Атлетико, постои погрешна претстава за начинот на кој тој [Симеоне] играше. Тој е поофанзивен отколку што луѓето веруваат. Тие не сакаат да ризикуваат, но кога топката е на нашата половина… тие точно знаат како треба да играат во конкретни моменти.
-Нема да зборувам ниту една секунда за глупави дебати. Сите се обидуваат да победат. Ако победат ќе биде во ред. Ако победиме, ќе бидам во право. Не ми оставајте простор, не оставајте ни педа. Како тим сакаат да избегнат ризик во централните области. Тие се неверојатно агресивни. Кога ќе ја освојат топката, играат. Тие се шампиони во шпанската лига. Шпанската лига. Во последните 20 години, оваа лига е шампион [во Европа], -порача предводникот на англискиот шампион.
Comments