top of page

Пенелопе Круз со пофални зборови за Џони Деп

Пенелопе Круз беше една од првите холивудски личности што застана во одбрана на Џони Деп кога беше претставен како „домашен насилник“ и „тепач на жена“ по авторскиот текст на Амбер Херд во 2018 година. Круз тогаш го опиша Деп како еден од највеликодушните луѓе што ги познава. Зборовите на шпанската актерка сега повторно се појавија и станаа многу споделувани, а фановите на актерот почнаа тренд на платформите на социјалните мрежи со хаштагот #AmberHeardIsAPsycopath (Амбер Херд е психопат). По новите обвинувања изнесени против Деп на суд, таблоидите ја цитираат Пенелопе, која вели: „Деп е еден од највеликодушните луѓе што ги познавам. Човек што секогаш бил љубезен со сите околу себе“. Видеоклипови од судењето што кружат на интернет се во поддршка на Деп. Корисниците на социјалните мрежи неговата поранешна сопруга ја нарекуваат манипулаторка во потрага по пари. Деп (58) и Херд (36) се на суд откако холивудскиот актер ја тужеше својата поранешна сопруга за клевета поради статија во „Вашингтон пост“ од 2018 година, во која таа раскажува за претрпено семејно насилство.




 
 
 

留言


bottom of page