Search
Пенелопе Круз импресионира во црн фустан од Шанел
Пенелопе Круз зрачеше со гламур на премиерата на филмот „Официјален натпревар“ (Official Competition) во вторникот во Менхетен, во рамки на филмскиот фестивал Трибека. 48-годишна оскаровка воодушевува со својата оригиналност додека позира на црвениот тепих пред Центарот за сценски уметности „Трибека“. Пенелопе изгледа фантастично во црн, светкав фустан Шанел со еден ракав, во комбинација со соодветен накит и чевли по избор на стилистката Кристина Ерлих. Круз (родена како Санчез) е официјален амбасадор на брендот „Шанел“ веќе неколку години. Таа почна да работи со луксузната француска модна куќа уште во 1999 година.
Comments