Пенелопе Круз изгледа беспрекорно на гала свеченост во нејзина чест
Сите погледи беа вперени кон Пенелопе Круз кога пристигна во Музејот на модерна уметност во Њујорк во вторникот на свеченост за оддавање почит на нејзината кариера. Покрај фановите, 47-годишната шпанска актерка беше поздравена од некои нејзини колешки, вклучувајќи ги Ребека Хол, Ен Хатавеј, Дајан Кругер и други. Прекрасната Пенелопе уште еднаш докажа дека годините се само бројка и дека како минуваат, таа изгледа сè подобро. Таа на себе има елегантен црвен фустан со отворен грб. Својот изглед го дополни со обетки обложени со дијамант. „Шанел“ го претстави синоќешиот настан во Музејот на модерна уметност и го истакне придонесот на Круз во забавната индустрија. Во текот на четиринаесеттата годишна свеченост 2021 Film Benefit што се одржува во Њујорк ќе има проекции на филмови на Круз од 19 до 30 ноември. Фановите на актерката ќе можат да уживаат во Everybody Knows, Volver и Blow.
Comments