Search
Пенелопе Круз зрачи со гламур на филмскиот фестивал во Санта Барбара
- Aleksandar Santovski
- Mar 10, 2022
- 1 min read
Пенелопе Круз во вторникот присуствуваше на 37. меѓународен филмски фестивал во Санта Барбара (SBIFF), настан што го прикажува најдоброто во независната и меѓународната кинематографија. Актерката од Барселона, која годинава е номинирана за „Оскар“ за најдобра женска улога во драмата на Педро Алмодовар, „Паралелни мајки“, на себе има фустан во бургунди боја со полуотворен грб. Изгледот го дополни со светкави обетки и драматичен кармин во боја на вино. На настанот, шпанската актерка беше почестена со наградата „Монтесито“ за придонес во филм за нејзиното портретирање самохрана мајка во „Паралелни мајки“.



Comments