Search
Пендаровски се сретна со светски шампион во бодибилдинг: „Нерешено во туркање со рака“
19.04.2022 April Vtornik
Како почесен гостин на Бодибилдинг и Фитнес федерацијата на Македонија, во Скопје претстојува Михал Крижанек од Словачка, светски шампион во бодибилдинг. Неговиот претстој за средба го искористи и претседателот Стево Пендаровски, кој објави фотографии од посетата во кабинетот. „Нерешено со светскиот шампион во бодибилдинг Михал Крижанек, од Словачка“, напиша Пендаровски на „Фејсбук“ во прилог на фотографијата каде тој и Крижанек шеговито се натпреваруваат во туркање со рака. Словакот во Скопје е почесен гостин во рамки на меѓународен натпревар во бодибилдинг.
Comments