Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО в
Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Пари Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамките на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Добивај вести на вибер Пендаровски ја проследи проекцијата и на анимираниот филм „Грозомор“ според истоимената песна на Ацо Шопов инспирирана од скопскиот земјотрес во 1963 година. Во рамките на чествувањето на јубилејот тој ќе ја посети изложбата „Патот по кој чекорам“ за творечкиот пат на Ацо Шопов проследена со перформансот „Треба да бидеме подобри“. Меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов „Поезија: творештво, препев и оптек на делата на јазиците од помалите говорни подрачја“ е во организација на МАНУ и Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“. Со денешните настани во Париз на Светскиот ден на поезијата – 21 Март, покрај чествување на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, се одбележуваат и 30 години од македонското членство во УНЕСКО. „Денеска, на Светскиот ден на поезијата, тука, во Париз, прославуваме два големи јубилеја – 100 години од раѓањето на знаменитиот македонски поет Ацо Шопов и 30 години од македонското членство во УНЕСКО. Овие исклучително значајни пунктови во нашиот социо-културен развој нè потсетуваат дека задачата на уметникот отсекогаш била да поставува критички прашања во светот и за светот и времето во кое живее. Книжевниот корпус на нашиот великан Ацо Шопов е парадигма за тоа дека поезијата и севкупната уметност не припаѓаат само на естетското туку е длабоко вкоренето во етичкото и хуманото. „Дали ова време што го живееме и чии граници човештвото ги раширува фантастично смело и фантастично брзо не е и време што ја убива поезијата?“ Ова е време на „научни достигнувања што ја оставаат зад себе и најсмелата и најбогата фантазија“, време на технички чуда и „роботи што може за неколку мига да напишат песна што ќе ги задоволи сите естетски барања. Дали нашето време е мртво за поезија или, пак, таа е мртва за него?“ Со овие зборови Ацо Шопов ги отвори првите Струшки вечери на поезијата во далечната 1962 година. Далечна, а сепак блиска затоа што додека зборуваме, алгоритмите на вештачката интелигенција веќе генерираат текстови што ги имитираат големите книжевници. Шумот на социјалните мрежи и медиумите ја нарушува тишината неопходна за уметничко промислување и согледување на светот“, истакна Пендаровски.
Comments