Search
Пелистер ја засили бековската линија со Стевановиќ
Македонскиот ракометен прволигаш, Еурофарм Пелистер договори уште едно засилување и тоа е српскиот интернационалец, Дарко Стевановиќ.
Стевановиќ има 26 години и во новата средина доаѓа од белорускиот шампион Мешков Брест. Тој е роден во Лазаревац, а сениорската кариера ја започна во Партизан по што следуваа ангажмани во Унгарија и Катар по што од Белорусија заврши во Македонија.
Се работи за лев бек кој со Пелистер постигна договор за соработка до јуни 2024 година. Дебито на Стевановиќ ќе биде дуелот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер следниот викенд.
Comments