Пелистер со пораз ја отвори новата сезона во Европската лига
Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаа пораз од Архус од 30-27 во првиот меч во новата сезона во Европската лига на ЕХФ.
Македонскиот вицешампион имаше добри и лоши моменти на овој меч, па токму тиe осцилации во играта го чинеа пораз во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Гостите од Данска го добија првиот дел со 16-12, па токму таа предност ја одржуваа во второто полувреме иако домаќините се обидуваа, се закануваа, ама скандинавците секогаш имаа одговор и на крајот сосема заслужено го освоија целиот плен на овој премиерен натпревар.
По пет гола во дадоа Хосни и Хенеберг, а крилата Кузманоски и Костески беа автори на по четири погодоци. Во гостинскиот тим предводник со 11 гола беше Вест Ав Тејгум.
Во следното коло Пелистер гостува кај Агуаш Санташ во Португалија.
Comments