top of page

Пелистер се засили со бек кој бил дел од ПСЖ и Мелсунген

Oct 2
1 min read

02.10.2026 Oktomvri Petok

македонски шампион, Еурофарм Пелистер додаде уште едно име во играчкиот кадар за натпреварувачката 2026/2027, проверено име на ракометната сцена кое доаѓа од Франција.

Нов член на клубот од Битола е 26-годишниот Саду Нтанзи кој последниот ангажман го имаше во бундеслигашот Мелсунген. Се работи за среден бек кој доста време беше дел од Пари Сен Жермен, а во кариерата настапуваше уште за Тулуз, Татабања од Унгарија и Ал Араби од Катар.

Со неговото знаење, квалитет и искуство треба да биде огромно засилување и сериозна опција за Лино Червар на бековската линија.

Само за потсетување Пелистер има добар страт во Суперлигата и регионалната лига, но многу лошо го отвори настапот во Европската лига каде доживеа дебакл на првиот меч против Ла Риоха и тоа на свој терен во салата „Боро Чурлевски“.


 
 
 

Comments


bottom of page