top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пелистер се врати од „минус 11“ и најде решение за Еуро Никел

Пелистер се помачи за да ја оправда фаворитската улога против Еуро Никел, но на крајот успеа да го направи тоа и се пласираше во полуфиналето на Купот.

Кавадарчани се покажаа како тврд орев и скапо ја продадоа кожата во СРЦ Кале, но сепак не одговорија на фантастичната игра на битолчани во завршниот период, која се покажа како клучна за победата.

Еуро Никел има за што да жали бидејќи водеше плус 12 на стартот на втората четвтина, а потоа и со плус шест во третата, но на крајот мораше да се задоволи само со чесна и цврста битка.

Пелистер покажа класа кога беше најпотребно и се врати во мечот, па откако влезе во егал ситуација во последната четвртина, покажа супериорност во последните 10 минути со резултат 18:8.

Тоа беше клучно за победа од 79:70, во која најдобар поединец беше Карпентер со 22 поени, следен од Караџовски со 20 поени.


1 view

Comments


bottom of page