Пелистер одигра една лоша четвртина и загуби од Војводина
- Aleksandar Santovski
- Nov 12, 2021
- 1 min read
Кошаркарите на Пелистер го претрпеа третиот пораз во четвртиот сезонски натпревар во АБА2 лигата. На турнирот во Осијек подобар од македонскиот претставник беше составот на Војводина кој се избори за триумф од 75-66.
Клубот од Битола одигра добро во поголемиот дел од натпреварот, беше конкурентен, дури и подобар, меѓутоа во третиот период беше катастрофален и тоа беше пресудно да ја загуби оваа битка. Српскиот прволигаш третата четвртина ја реализираше со 23-9 со што го презема водството и не го испушти до самиот крај.
Четворица играчи на Пелистер беа двоцифрени, најдобар од нив беше Малешевиќ кој на 15 поени додаде 4 скокови, 2 асистенции, 2 украдени и 2 загубени топки.
На сппротивната страна листата на стрелци ја предводеше Нил со 14 кошеви и 7 асистенции.

Comments