top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пелистер немоќен против „лисиците“ од Берлин

Екипата на Еурофарм Пелистер претрпе пораз од Фуксе Берлин од 34-25 во рамките на 9.коло во Европската лига на ЕХФ.

Домашниот тим важеше за голем фаворит пред натпреварот, а тоа и го потврди и на теренот каде постојано имаше контрола на играта, резултатот и заслужено дојде до славје од 9 разлика. „Лисиците“ уште во првото полувреме дојдоа до предност од 18-12 по што стана јасно во кој правец ќе се движи натпревар во продолжението, па така бундеслигашот во вториот дел водеше и со 12 разлика, но избраниците на Валтер на крајот се избори за подостоинствен пораз.

По пет гола за нашиот тим дадоа Костески, Кисум и Костески, додека Кизиќ и Лесјак имаа девет одбрани. Кај Фуксе Берлин се истакнаа Гидсел со шест и Вујовиќ со пет погодоци.

Македонскиот вицешампион во последното коло го дочекува Мотор и со позитивен резултат во Битола ќе се пласира во наредната фаза.


1 view

ความคิดเห็น


bottom of page