Пелистер го декласираше домашниот тим на турнирот во Добој
Тешкиот пораз од Ал Ахли не донесе посакуван старт за Еурофарм Пелистер на турнирот во Добој, но македонскиот првак позитивно одговори на втората контролка и денеска го декласираше домаќинот на турнирот.
Битолчани одиграа далеку поквалитетно и поамбициозно од она на отворањето на регионалниот турнир, па така без проблеми најдоа решение за Слога и остварија преубедлива победа.
Првото полувреме не навестуваше ваква надмоќ на моците во зелено бидејќи резултатот беше 16:12, но во вторите 30 минути гледавме доминација на македонскиот колектив кој на крајот оствари триумф од 15 гола разлика.
Победата од 39:24 е добар одговор за убедливиот пораз од Ал Ахли, а воедно и добра најава за она што следи во третото коло во групната фаза.
Македонскиот првак ќе има далеку посериозен тест од овој денеска, бидејќи за ривал ќе го има тимот на Монпелје.
Comentarios