Пелистер го ангажираше и четвртиот ракометар за следната сезона: Во Битола доаѓа португалски среден
- Aleksandar Santovski
- Mar 10, 2022
- 1 min read
Од таборот на Еурофарм Пелистер втор ден по ред објавуваат дека е постигнат договор со нов ракометар. Откако вчера го објавија доаѓањето на Руди Сери, денеска битолскиот клуб објави дека е постигнат договор и со Вилсон Дејвис. Станува збор за искусен, 33 годишен ракометар кој со Еурофарм Пелистер потпиша двегодишен договор кој ќе започне од следната сезона. Дејвис е играч со богато искуство во францускиот шампионат, а во моментов го носи дресот на Иври. Претходно играл во Нант, Сесон Рен и Данкерк. Вилсон Дејвис своевремено беше редовен португалски репрезентативец, а е вториот Португалец кој доаѓа во Битола откако претходно во клубот играше Серхио Барош. Пелистерци полека го склопуваат тимот за следната сезона, а Дејвис беше четврто засилување во пресрет на новата натпреварувачка сезона откако претходно беа донсени Урбан Лесјак, Усма Хосни и веќе споменатиот Руди Сери.


Comments