top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пеле ги собира спортските sвезди на добротворна аукција

25.08.2021 Avgust Sreda

Дрес на Бразил во сопственост на Пеле, дрес на Нов Зеланд потпишан од Ден Картер, фотографија од Њујорк јенкис потпишана од Дерек Џиетер, дресот на Дејвид Бекам од Милан се дел од предметите, плус други од Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе, меѓу 229-те што ќе бидат продадени следниот месец на аукција организирана од фудбалската легенда Пеле, за фондацијата што ја основа во 2018 година, за да им помогне на сиромашните деца, пишува „Ројтерс“. Бразилецот, единствениот фудбалер со три титули на светските првенства, рече дека сите собрани пари ќе помогнат во борбата и во закрепнувањето на Бразил од пандемијата на ковид-19.

Пеле обезбеди некои од своите предмети за аукцијата на 22 септември, но тој побара услуги и од пријателите во спортот и во светот на забавата. Има дресови на Бразил, Сантос и Њујорк Космос и фотографии со потпис на Пеле, а други потпишани од поранешните негови соиграчи, како Ривелино, Жаирзињо и Клодалдо. Марио Загало, селекторот на почитуваната победничка селекција на Светското првенство во 1970 година, исто така, придонесе како и Нејмар, Роберто Баџо и Роже Мила. Франц Бекенбауер потпиша голем број фотографии од времето кога настапуваше за Њујорк Космос и за Западна Германија, има топка од финалето на Лигата на шампионите во 2015 година, дресови и опрема што се користат во кошарка, американски фудбал, хокеј на трева и во ватерполо. Надвор од фудбалот, предмети донираа Џастин Тимберлејк, Марија Шарапова, Марк Волберг и НБА, пишува „Ројтерс“.

Ова не е прва аукција организирана од Пеле. Во 2016 година тој продаде повеќе од 1.600 предмети од неговата колекција и собра 3,6 милиони фунти.


5 views

Comments


bottom of page