top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Патување по железницата на детските чувства со Маја Мишевска

12.06.2024 Juni Sreda

„Темнината не е страшна! Дружељубивоста е важна! Упорноста се исплати! Другарството е богатство! Ова се главните пораки на седумте сликовници од младата авторка Маја Мишевска, објавени под едицијата „Железница на чувствата“, во рамките на импринтот „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Серијалот сликовници од младата авторка Маја Мишевска, илустрирани од познатиот илустратор Тхе Мичо, се минијатурни бравури за предизвиците во растењето на секое дете. Напишани од дете за дете (деца), секоја од седумте приказни на Мишевска се заокружува со некаква поентичка, дорасната за возраста на децата за која се наменети. Па, така, низ убав јазик, јасни ситуации и шарени илустрации, секое дете ќе се идентификува со јунакот исправен пред некоја пречка, навидум голема и непремостлива, зад која го чека силна порака. „Мравката Тони“, „Бумбарот Боби“, „Гасеницата Кики“, „Бувот Оли“, „Делфинот Дуле“, „Слонот Кире“ и „Коњчето Искра“ нè учат за упорноста, другарството и дружељубивоста, за храброста, љубезноста и фантазијата на најубав можен начин – нежно и со многу љубов.

„Приказната зад приказните на Маја Мишевска е благородна и многу интересна. Имено, кога Маја имала десет години, а нејзиниот брат Стефан бил петгодишно дете, забележала дека брат ѝ се плаши од темнина. За да му помогне да сфати дека темнината не е ништо посебно, Маја му раскажала приказна за бувот Оли. Така се родил истоимениот расказ. По таа приказна, Маја почнала да пишува уште неколку раскази за нејзиниот брат, што ќе му помогнат да се справи и со други нешта, на пример, првиот училиштен ден, потребата секогаш да се биде прв, да се биде постојано подготвен за секоја пригода итн. Маја сфатила дека нејзините приказни се податливи за споделување и одлучила да ги илустрира и да ги објави. Овие сликовници секому можат да му бидат од корист кога ќе му притреба самодоверба, поддршка, поттик, истрајност или, едноставно, кога ќе посака да си помине квалитетно време со забавна и поучна книга“, велaт од Арс Ламина.


2 views

Comments


bottom of page