top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Патувачкото кино на „МакеДокс“ во Моноспитово, Босилово и Габрово

Патувачкото кино на „МакеДокс“ вечер ќе одржи проекции во Моноспитово, утре во Босилово, а задутре во Габрово.

Првиот дел од 13. патувачко кино на „МакеДокс“ почна струмичкиот регион. Наместо во Моноспитово, како што претходно беше планирано, првата проекција се одржа на 18 јули во училишниот двор на основното училиште во с.Василево во истоимената општина. Втората проекција на патувачкото кино се одржа во с.Вељуса, кое ѝ припаѓа на Општина Струмица, на игралиштето од училиштето.

Проекциите се бесплатни и почнуваат во 21 часот. На 19 јули почна и првиот дел од четвртата генерација на школата за млади документаристи „ДокуНикулци“ на „МакеДокс“. На Патувачкото кино тие ќе се запознаат со документарниот филм, ќе развиваат свои приказни, ќе работат на нив во текот на годината и ќе ги прикажат на следното издание на фестивалот „МакеДокс“ во 2023та година.

Вториот дел од Патувачкото кино ќе се одржи по фестивалот „МакеДокс“, односно во септември во преспанскиот регион.



3 views

Comments


bottom of page