top of page

Патувачко кино под отворено небо во Валандово, Кичево, Штип

По вторпат годинава „Европското патувачко кино под отворено небо“ ќе претстави нови европски филмови на проекциите на отворено пред публиката низ земјава, овој пат патувајќи во Валандово, Кичево и во Штип.

„Европското патувачко кино под отворено небо“ е годишен приказ на нови европски филмови признаени од критиката и сакани од европската публика, кој секоја година патува во три различни градови низ земјата.

По проекциите во Валандово, патува до живописното Китино кале во Кичево, в сабота и недела, и завршува во Штип, на 24 и 24 јуни, на летната сцена на Младинскиот центар.

„Европското патувачко кино под отворено небо“ годинава ќе прикаже шест европски долгометражни филмови – многу од нив се наградувани филмови создадени во последните години, кои ги отсликуваат европската креативност и различност и нудат нешто за сечиј вкус, како и шест македонски кратки филмови, од кои некои исто така биле наградени на различни филмски фестивали и биле пофалени од љубителите на филмот. – Проекциите ќе започнуваат во 20.30 часот, а потоа ќе следуваат разговори со познатите филмски критичари Влатко Галевски, Златко Ѓелески и Јована Ѓорѓиоска и нивните гости, познавачи на темите што се обработуваат во филмовите.

Годинашниот избор на играни филмови ги вклучува: „Лавкат“ (Австрија), „Смената“, (Италија, Белгија), „Маре“, (Швајцарија, Хрватска), „Надеж“ (Норвешка, Шведска, Данска), „Атлас, (Швајцарија, Белгија, Италија) и „Вселенското момче“, (Белгија). Изборот на филмови ги отсликува современите теми, кои се однесуваат на сите нас, а особено на младите – од тинејџерските животи и врски под влијание на интернетот до насилниот екстремизам и тероризмот, и од учеството на жените во снимањето филмови до децата во науката итн.

Влезот на проекциите е бесплатен.


 
 
 

Comentarios


bottom of page