Партизан ја расплака Црвена Звезда во дербито и во битката за плеј-оф!
- Aleksandar Santovski
- 1 day ago
- 2 min read
02.04.2026 April Cetvrtok
Екипата на Партизан успеа да слави во евролигашкото дерби со Црвена Звезда (89-82) и така на ривалот му направи проблем во битката за местото во плејофот и битката за најдобрите шест места на табелата во најквалитетното европско кошаркарско натпреварување.
Првото полувреме од белградското дерби донесе израмнета и борбена игра, со чести промени на ритамот. Партизан подобро ја отвори средбата и по првата четвртина имаше минимална предност од 20-21, благодарение на посигурниот напад и подобрата реализација од дистанца. Црвена Звезда се обидуваше да наметне поцврста игра под кошевите, но гостите успеваа да одржат чекор и да го контролираат резултатот.
Во втората четвртина темпото остана високо, а дербито продолжи во ист ритам – со многу контакти и тактичко надмудрување. Во текот на овој период, Партизан успеа да се одлепи на нешто повисока разлика, па во еден момент имаше водство од 24-33, но следуваше пад во играта на „црно-белите“ и домаќинот носен од одличната атмосфера во Арена успеа да го искористи тоа и до крајот на полувремето израмни на 38-38. Сепак, во вториот дел следеше еден шутерски Партизан, кој во еден момент се одлепи на 16 поени разлика (59-75). Црвена Звезда се врати во финишот, но драмата во финишот беше за црно-белите.
Карлик Џонс го заврши мечот со 26 поени за Партизан, Браун имаше 22 поени, додека кај Цевена Звезда се истакнаа Милер-Мекинтаер со 24 поени.
По двата врзани порази екипата на Хапоел Тел Авив во прав момент им се врати на победите во европската елита и против Панатинаикос славеше со 92-88 и со тоа се задржа во зоната за директен пласман во четвртфиналето.
Домашна победа извојува и тимот на Жалгирис, кој ја декласира шпанска Барселона со 83-71 и се искачи на шестата позиција на табелата, последна која што носи место меѓу најдобрите осум во плеј-офот.






Comments