Партизан ја доби првата битка со Звезда во финалето на АБА лигата (ВИДЕО)
- Aleksandar Santovski
- Jun 13, 2023
- 1 min read
Кошаркарите на Партизан ја добија првата пресметка со Црвена Звезда во финалето на АБА лига.
Избраниците на Жељко Обрадовиќ издвојуваа триумф од 88-80 и тоа пред се благодарение на одличната претстава во првите 20 минути во „Штарк Арена“. „Црно-белите“ водени од верната публикаа имаа фантастично издание и уфрли 56 поени или поточно тоа беше доволно за заминат на пауза со 20 кошеви разлика (56-36).
По одморот Звезда беше таа што покажа повеќе, се обидуваше, притискаше, меѓутоа никогаш не дојдоа толку блиску на една топка за да можат да се надеваат на некој пресврт, ама покажаа карактер кој може да биде основа за наредните битки во серијата.
Ледеј со 24 и Пантер со 19 кошеви беа најефикасни кај победникот, на спротивната страна Добриќ уфрли 17 поени, додека Кампацо имаше дабл-дабл од 15 кошеви и 10 асистенции.

Comments