top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Партизан го урна европскиот првак во Истанбул и направи џиновски чекор кон топ 8

Партизан дава се од себе и максимално се бори за обезбедување на плејоф во Евролигата, а на пет кола до крајот на регуларниот период, направи џиновски исчекор кон такво нешто.

Српскиот тим почна ужасно лошо на гостувањето во Истанбул кај европскиот првак Анадолу Ефес, но се разбуди при резултат 23:6 и почна да се враќа во мечот.

Негативата од 17 поени разлика за многумина изгледаше недостижна по првата четвртина, но не и за момците на Жељко Обрадовиќ кои пред неколку дена се вратија од минус 20 против Црвена Звезда.

Партизан направи кам-бек уште во втората четвртина и на полувреме замина со минимална предност од 37:39, по што следеше крајно израмнет трет период.

Во првите 10 минути од вториот дел преовладуваше неизвесноста и се менуваше водството на двете страни, но како што и можеше да се очекува, на крајот пресуди последната четвртина.

Партизан многу брзо отиде на двоцифрена предност и стигна до максимални плус 15, па така на крајот оствари многу важна победа со резултат 84:97.


1 view

Comments


bottom of page