„Партибреjкерси“ прославија „40 години рокенрол“
Легендарниот бенд „Партибрејкерс“ прослави 40 години постоење, а по тој повод приредија рокенрол-забава за паметење на Саемот во Белград, пишуваат српските медиуми. „Партибрејкерс“ ги отсвире своите големи хитови, а публиката уживаше во добрата музика и атмосфера, се наведува во написите. „Да направиме заедно едно грејно тело. Одовде изгледа одлично“, изјави фронтменот на бендот на почетокот на концертот. Овој бенд е основан во август 1982 година, а го сочинуваа Зоран Костиќ-Цане, тапанарот Горан Булатовиќ-Манца, гитаристот Небојша Антонијевиќ-Антон и гитаристот Љубиша Костандиновиќ. Првиот концерт го имаа на 4 октомври 1982 година во „Дадово“ како воведна група на „Педесеттите“, а публиката тогаш беше сведок на испишувањето на историјата. Она што почна на овој концерт, пред сè, благодарение на Цане и Антон, продолжува и денес со истата енергија и порака за што вистински показател е синоќешниот настап, пишува во новинарските извештаи.
Comments