top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Паркмент го изненади Холовеј на 110 метри со пречки

Ханс Паркмент од Јамајка победи во трката на 110 метри со пречки на Олимписките игри во Токио. Атлетичарот од Јамајка до најсјаното одличие дојде во конкуренција на големиот фаворит Грент Холовеј од САД. Паркмент трката ја заврши со време 13.04 секунди. Холовеј направи грешка меѓу претпоследната и последната пречка и мораше да се задоволи со сребрениот медал. Американецот во целта имаше време 13.09 секунди, за една стотинка беше побрз од вториот атлетичар од Јамајка, Роналд Леви, кој го освои бронзениот медал.


1 view

Comments


bottom of page