top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Париските знаменитости стануваат спортски арени за ЛОИ 2024

22.07.2024 juli Ponedelnik

Летните олимписки игри (ЛОИ) во Франција почнуваат в петок, со визуелно неверојатна церемонија на отворање низ центарот на Париз покрај реката Сена, но Сена не е единствената сценска заднина на Игрите, туку и некои други знаменитости во Париз се домаќини на спортски настани, пишува агенцијата „Ројтерс“.

АЈФЕЛОВАТА КУЛА: Одбојката на песок ќе се одржи на едно од најпознатите иконски места во историјата на ЛОИ, со Ајфеловата кула, која се наѕира над спортистите додека се натпреваруваат на привремен стадион изграден во паркот „Шам де Мар“.ГОЛЕМАТА ПАЛАТА: Откриена во 1900 година за Париската универзална изложба, Големата палата е видлива низ деловите на Париз благодарение на својот стаклен покрив, пишува „Ројтерс“. Таму ќе се одвиваат мечувањето и таеквондото на ЛОИ 2024.

ЛЕС ИНВАЛИД: Долг дел од тревникот покрај Сена, кој завршува со „Отел дез Инвалид“, комплекс од згради од 17 век што го почнал животот како воена болница, а исто така го вклучува и гробот на Наполеон, пишува „Ројтерс“. Овој дел од градот обично е домаќин на парижаните што пијат вино или фрлаат фризби. За време на Игрите ќе биде домаќин на настани во стрелаштво, друмски велосипедизам и атлетика.МОСТОТ „АЛЕКСАНДАР III“: Поврзувајќи ја Големата палата со „Лес инвалид“, мостот „Александар III“ е еден од најголемите француски мостови, со златни статуи на двата краја. Тоа ќе биде место за друмски велосипедизам, маратонско пливање и триатлон за време на Игрите.

ПЛОШТАДОТ „КОНКОРД“: Еднократно место на егзекуции од висок профил, плоштадот „Конкорд“ сега е едно од најомилените јавни места во Париз, сместено во богат кварт помеѓу Лувр и Триумфалната капија, пишува „Ројтерс“. Како дел од планот на ЛОИ во Париз за интегрирање на урбаните спортови во градскиот живот, на плоштадот ќе има кошарка 3х3, брејкденс, велосипедизам слободен стил и скејтбординг.

РОЛАН ГАРОС: Со своите светски популарни тениски терени со црвена глина, познати како долгогодишен дом на Отвореното првенство на Франција, Ролан Гарос ќе биде домаќин на тениските настани на ЛОИ 2024, но исто така го има и боксот на својот репертоар за време на Игрите, пишува „Ројтерс“. Н.М.


0 views

Comments


bottom of page