top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Парис Хилтон: Среќна сум дека Бритни е на пат конечно да се ослободи

Парис Хилтон е меѓу првите селебрити-личности кои на социјланите мрежи изразија задоволство по веста дека таткото на Бритни Спирс, Џејми Спирс, ќе се повлече од спорното старателство. Парис Хилтон се огласи на Твитер во четвртокот за да каже колку е среќна што Џејми Спирс се повлекува од 13-годишниот конзерваторски надзор над поп-sвездата. „Пресреќна сум што ја слушам оваа вест“, напиша Парис (40). „Ова е задоцнето, требаше да се случи многу порано, но мило ми е што Бритни е на пат конечно да се ослободи“. Наследничката на хотели додаде:„Испраќам многу љубов!’ додавајќи емотикони и сега-сеприсутниот хаштаг #FreeBritney.



2 views

コメント


bottom of page