top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Паралелен универзум“ – групна изложба на колективот „Пркос“ во МКЦ

Во Галеријата на МКЦ, на 24 декември, со почеток од 20 часот ќе се отвори „Паралелен универзум“ – групна изложба на колективот „Пркос“.

Колективот постои една година, составен е од млади креативни луѓе, кои се занимаваат со фотографија, илустрација, анимација, дизајн. Учесници се Јасна Николова, Софи Лазовска, Стефан Танков, Маја Плачкоска, Бисера Гиновска, Стевица Ѓорѓевски, Ангела Стојковска, Бетсабеа Верник, Александар Арсовски.

Во својата најава „Пркос“ за себе велат: „Истражуваме, твориме, пркосиме, сите сме тргнати по своја траекторија, сите си имаме своја замисла. Ние сме бенд без музичари, креативни луѓе од полиња како фотографија, илустрација, анимација и дизајн, тука не е важно од каде доаѓаш и дали те познаваат на улица, битно е да имаш очи полни љубопитност и жар, да си упорен, да создаваш и да не можеш без тоа. Колективот направи 1 година, и за тој временски период, сфативме дека она што нѐ дефинира нас е што сите сме многу различни, и во креативниот процес, и во стилот, и во техниката, но наместо да гледаме на тоа како препрека, го користиме и го гледаме како нешто што само повеќе нѐ зближува и создава одлична атмосфера за размена на искуства, за учење нови техники и за посмело кршење правила…“

Изложбата ќе биде отворена до 10 јануари 2022.


1 view

Comments


bottom of page