top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Папокот на светлината“ – нов роман на Венко Андоновски

Новиот роман на македонскиот автор и професор Венко Андоновски – „Папокот на светлината“ наскоро ќе биде објавен во издание на издавачкиот центар „ТРИ“.

Андоновски се враќа на сцената со нов роман, десет години по објавувањето на последниот роман „Ќерката на математичарот“ и 22 години од „Папокот на светот“, книгата што ги освои книжевните награди Роман на годината, „Стале Попов“, „Балканика“ и руската награда „Југра“.

Како што соопштија од издавачката куќа, „Папокот на светлината“ се надоврзува, но не го продолжува „Папокот на светот“.

– Јан Лудвиг, протагонистот кој во „Папокот на светот“ трагаше по папокот на светот (љубов кон жената), сега е во потрага по папокот на Светлината. Заедно со другите ликови, тој се обидува да открие каде се раѓа онаа Светлина која ја просветлува душата, наспроти оние кои се задоволуваат да му бидат облека на ѓаволот – велат од „ТРИ“.


1 view

Comments


bottom of page