Панчев за неуспехот на Србија на СП: Потребна е само една промена
Дарко Панчев јавно се произнесе како огромен фан на српската фудбалска репрезентација пред мундијалот во Катар и очекуваше големи работи од Пикси и неговиот стручен штаб, но само десетина дена подоцна, српските медиуми веќе пишуваат за неуспех и големо разочаруавање.
Поради тоа, легендарниот голгетер на Црвена Звезда одново одработил ексклузивно интервју со „Спорт Клуб“ и дал коментар за се она што и се случи на Србија во Катар, изнесувајќи јасен заклучок дека луѓето во Федерациајата и сите фудбалски фанови мора да имаат верба во работата на Драган Стојковиќ.
– Неуспех за Србија? Да, неуспех е, но јас не сум од оние кои гледаат само црно на работите. Овој српски тим не заслужува премногу критики. Кога велам тим, мислам и на стручниот штаб и играчите. Да не заборавиме дека во последните две години постигнаа одлични резултати, добро се играше. Не може сега одма да се пишува дека играчите и стручниот штаб немаат поим.
– Во секој случај, нешто им се случи во Катар, влегоа во проблеми, а Пикси констатираше дека големиот број повреди биле клучни. Му верувам, но и тоа може да се анализира. Зошто не играа оние кои се најподготвени? Треба да се постави тоа прашање, а не да се фрла со дрва и камења . Потребна е само една промена, промена на балканскиот менталитет.
– Зарем после секое вакво натпреварување ќе менуваме селектор? Пикси мора да остане уште најмалку четири-пет години како лидер, да се задржи постоечкиот стручен штаб бидејќи континуитетот е предзнак за успех. Пикси заслужува доверба, ќе добие шанса да се поправи она што се случи во Катар.
– Капацитетот на репрезентацијата беше многу поголем од тоа што се оствари. Не може да се зборува само за една грешка, тоа беа серија грешки во играта. Не е виновен само еден, виновни се многу. Фудбалот е колективен спорт, не би истакнувал кој беше најдобар, а кој најлош. Кога цела нација очекува многу повеќе и многу подобри резултати, ќе кажам дека ова е тимски неуспех. Тоа мора да се прифати и да се продолжи понатаму, а за да се случи тоа, потребна е поддршка, – вели Панчев.
Comments