Пантер извиси, Лесор во идеалната петорка на Евролигата (Фото)
Евролигата својата завршница ќе ја има во Каунас претстојниот викенд и главните возбудувања за закажани за 19-ти и 21-ви мај, а пред стартот на полуфиналнита возбудувања, традиционално се избра тимот на сезоната. Во идеалната петорка во најсилната кошаркарска лига во Европа се најдоа дури двајца членови на Реал Мадрид, но интересно е и тоа што извиси главниот играч на Партизан, Кевин Пантер. Евролигата објави дека во гласањето учествувале тренерите, претставниците на медиумите, капитените на тимовите и самите навивачи, па наместо Пантер, место во идеалната петорка доби Матијас Лесор. Покрај играчот на Партизан, друштво меѓу најдобрите му прават уште Лоренцо Браун од Макаби, Саша Везенков од Олимпијакос, како и Џанан Муса и Валтер Таварес од Реал Мадрид. Во полуфиналињата кои се играат во петок, Олимпијакос ќе ги одмери силите со Монако, додека Реал Мадрид ќе ги вкрсти копјата со Барселона.
Comments