top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Панта реи“ – изложба на скулптури од Марјан Стојаноски во Софија

Во галеријата на КИЦ на Република Македонија во Софија, вечерва во 18.30 часот ќе биде отворена изложбата „Панта реи“ (Panta rhei) на прилепскиот уметник Марјан Стојаноски, на која ќе бидат претставени ротирачки скулптури, изработени со користење на метал и елементи од дрво. Делата се создавани во последните две години и беа претставени во КИЦ Скопје годинава. На Стојаноски ова му е прва самостојна изложба во Софија.

Според м-р Бранче Трајкоски, авторот Марјан Стојаноски, во скулптуралната поставка во Софија во галеријата на КИЦ ги дава на увид досегашните остварувања, каде неговиот творечки интерес во континуитет се движи меѓу две литерарно-уметнички теми на инспирација – актуелизирањето на Митос во современата уметност како желба на модерната епоха да ја има во своите карактеристики, и пројавувањето на логосот во креативните интерпретации (т.е. желбите на постмодерната епоха.).

Уметникот Марјан Стојаноски завршува ФЛУ во Скопје, во класата на професорот Ибрахим Беди. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија ДЛУМ. Во два наврати е претседател на друштвото на ликовни уметници од Прилеп ДЛУП, каде што во 2015 година ја добива наградата за скулптура „Јордан Грабул“. Има реализирано голем број на изложби, како самостојни, така и групни изложби. Ка.М.


2 views

Comments


bottom of page