top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Панини“ ги укинува албумите со сликички од фудбалери

Updated: Apr 12, 2022

11.04.2022 April Ponedelnik

Компанијата „Панини“ по пет децении го стопира печатењето на познатите албуми со сликички од фудбалери. Како што изјавија од „Панини“, албумите ќе бидат откажани пред Европското првенство во Германија во 2024 година, јави агенцијата „Танјуг“.

Првиот албум со сликички беше објавен пред Светското првенство во Италија во 1970 година, а осум години подоцна, по повод Светското првенство во Германија во 1978 година, премиерата на изданието беше во продажба низ светот.

Оттогаш, албумот на „Панини“ добива култен статус, а во многу земји во светот се разменуваат сликички пред големите првенства, како што традиционално се прави во Скопје пред фонтаната во Градскиот парк.

Панини постигна рекорден број продадени сликички во 2006 година за време на Светското првенство во Германија, кога беа продадени 800 милиони парчиња.

Непосредно пред Европското првенство во Германија во 2024 година, „Панини“ ќе го стопира печатењето албуми и сликички, но бизнисот ќе го преземе американскиот концерн „Топс“, кој ги откупи правата за тој турнир, како и за Лигата на нациите и за Европско првенство за жени во 2025 година.


1 view

Comments


bottom of page