„Паненка“ ремек-делото на Бензема не било случајно
Карим Бензема не престанува да ја покажува својата класа на највисока фудбалска сцена оваа сезона, бидејќи истата ја презентираше и на „Итихад“ во неверојатниот полуфинален меч кој го одиграа Манчестер Сити и Реал Мадрид.
Англичаните доминираа во најголем дел и можат да жалат што не победија со поголема разлика, но факт е дека Реал остана во живот благодарение на Бензема, бидејќи најпрво погоди маестрално во ситуација кога „кралевите“ немаа шут на голот, а потоа беше нестварно ладен и со „паненка“ погоди за 4:3.
Бензема промаши два пенали против Осасуна, но тоа не го поколема и со огромна самодоверба изведе „паненка“ пенал и го надмудри Едерсон.
Пенал магијата на Бензема ги фрли во транс фудбалските аналитичари, но играчите на Реал Мадрид знаеле дека тоа што го гледаат не е случајно, или всушност, било претходно тренирано неколку дена.
– Бензема вежбаше „паненка“ удари и пенали на последните тренинзи. Сите ние кои бевме на клупата за резерви знаевме што ќе следи пред да го изведе пеналот, – открива Бразилецот Родриго кој беше повлечен од игра во вториот дел.
Comments