Пандевци не ја прифатија оставката, Васоски останува на чело на тимот од Струмица
Екипата на Академија Пандев влезе во лоша резултатска серија, па одговорноста за неуспесите одлучи да ја презема тренерот Александар Васоски кој си поднесе оставка по вчерашниот пораз од Работнички во Првата македонска лига.
Денеска пак клубот од Струмица има состанок на управниот одбор при што е одлучено да не се прифати оставката на Васоски, односно да му се даде максимална поддршка за сите негови одлуки кои смета да ги спроведе во иднина за враќање на победничките патеки.
-На денешниот состанок на Управниот Одбор на клубот, беше разгледена понудената оставка од страна на Шефот на стручниот штаб на сениорскиот тим – Александар Васоски. Сакаме да ја информираме јавноста дека понудената оставка НЕ Е ПРИФАТЕНА.
-Управниот Одбор смета дека Александар Васоски е еден од најдобрите тренери во Македонија и дека тоа и ќе го докаже во наредниот период. Дадена му е целосна поддршка во сите одлуки кои смета да ги спроведе во иднина, за враќање на победничките патеки. Во минатото клубот се соочуваше и со подолги резултатски кризи, но на крај секогаш преку единство и сплотеност доаѓаше до остварување на зацртаните цели, затоа сметаме дека прифаќањето на оставката не е правото решение, -велат пандевци во нивното соопштение.
Comentários