Пандев се одјави за „Газета“ и официјално замина во пензија, но најави и што ќе прави во блиска идни
Пандев се одјави за „Газета“ и официјално замина во пензија, но најави и што ќе прави во блиска иднина!Горан Пандев остави простор за можно продолжување на кариерата по крајот на сезоната во Серија Б, но после неколку месеци и откако почнаа сите европски натпреварувања, легендарниот капитен на Македонија реши официјално да се одјави од фудбалот со ексклузивно интервју за „Газета“.
Угледниот весник со седиште во Милано го објави целосниот разговор направен со неповторливиот напаѓач и капитен на македонската фудбалска репрезентација, кој сигурно уште долго ќе го има статусот на најтрофеен фудбалер од нашата земја.
Пандев ужива статус на вистинска фудбалска ѕвезда во Италија и тоа е поради наследството кое го остава во Серија А, па затоа не чуди ниту фактот што реши да се одјави во интервју за еден од најпознатите медиуми од оваа земја.
– После цели дваесет години, време е за крај. Мојот најстар син има речиси 13 години, во минатото го гледав само за време на паузите од една за друга сезона. Сега сакам да му се посветам на семејството, но набрзо сигурно ќе ме видите пвоторно во фудбалот, бидејќи јас не знам да правам ништо друго.
– Цело лето не размислував за фудбал и кога ќе се случи тоа доаѓа до опуштање, јадете повеќе и тренирате помалку. Веќе имам неколку килограми повеќе. Веќе немам желба во главата да почнам да тренирам, а на 39 години станува се потешко. Во Џенова сите 8 сезони почнував како четврти напаѓач, барав од претседателот Прециози да ми верува, но на крајот, кога бевме во опасност, секогаш играв.
– Во иднина повеќе се гледам како директор или спортски агент. Сакам да работам со млади луѓе и да им помагам, да разговарам со нив и да ги гледам нивните натпревари. За крај, им кажувам благодарам на сите. На сите мои тренери, на сите претседатели, на сите навивачи. Заборавам на се лошо што се случило, – порачува Гоче во свој стил.
Comments