Search
Пандев се врати на терените, Парма не успеа да ја победи Читадела
- Aleksandar Santovski
- Mar 11, 2022
- 1 min read
Македонскиот интернационалец, Горан Пандев се врати во тимот на Парма по неколкунеделната пауза поради повреда.
Офанзивецот одигра околу 30 минути на натпреварот во кој Парма не успеа да ја победи Читадела одигрувајќи без победник (1:1) на „Енио Тардини“.
Читадела дојде во водство уште во првиот дел преку Берета кој ја затресе мрежата на домашниот тим во 26. минута.
Во второто полувреме Парма беше подобар противник, најмногу поради црвениот картон кој го доби Висентин во 75. минута.
Домашниот тим имаше иницијатива и во 81. минута стигна до израмнување со голот на Станко Јуриќ. Во самиот финиш, Парма не искористи пенал откако Брунета силно биеше во пречката на голот на Читадела.

Comments