top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пандев не размислува за пензија, сака да ја врати Парма во Серија А

Македонската фудбалска икона, Горан Пандев се предомислува во однос на заминувањето на пензија.

Пандев минатава сезона ја почна во Џенова за да во 2022 година се пресели во Парма каде и покрај големата желба не успеа да му помогне на клубот да се врати во елитната италијанска конкуренција.

Ова по се изгледа го мачи популарниот Гоче кој веќе не размислува за повлекување, закачување на копачките на клин туку сака да остане на „Енио Тардини“ и заедно со Џанлуиџи Буфон да му помогнат на славниот круг да направи кам-бек каде што припаѓа-Серија А.

-Лично мислам дека Пандев може многу да направи за тимот. Тој сака да продолжи да игра и е мотивиран, би било убаво да биде во целиот проект. Неговата желба е да ја врати Парма во Серија А. Тоа би бил идеалниот крај на неговата кариера. Горан и Парма заслужуваат голем успех, -истакна за Парма Лајв агентот на поранешниот македонски репрезентативец, Леонардо Корси.

Горан има 38 години, а во својата кариера освен во Македонија и Италија има настапувано во Турција каде го бранеше дресот на Галатасарај.


1 view

Comentários


bottom of page