top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пандев не ги заборави своите браќа и се огласи на Инстаграм по новата историска ноќ во Скопје (Фото)

Updated: Nov 16, 2021

14.11.2021 Noemvri Nedela

Горан Пандев реши да се повлече од репрезентацијата по крајот на Европското првенство и ја предаде капитенската лента на Стефан Ристовски, но само неколку месеци подоцна, можеше да гледа како оваа генерација и натаму бележи одлични резултати на меѓународна сцена. По историскиот настап на континенталниот турнир, Македонија за првпат ќе биде дел од еден бараж за Светско првенство, успех до кој стигнавме благодарение на вечерашната победа против Исланд на домашен терен. Македонија не потклекна под притисокот и покрај примениот гол за 1:1 на стартот на вториот дел, покажувајќи победнички карактер и менталитет кој е многу важен во вакви круцијални натпревари. „Рисовите“ до крајот постигнаа два гола и победија со 3:1, по што беше загарантирано местото во баражот за Светското првенство од кој ќе бидат дел 12 селекции. Како поранешен капитен, Пандев не пропушти да реагира на новиот историски момент, испраќајќи честитка до своите фудбалски браќа.



7 views

Comments


bottom of page