Пандев: Ми беше срам да се вратам во Лацио кога загубивме од Андора!
Нашата најголема фудбалска икона, Горан Пандев одработи едно опширно интервју за „Моцарт Спорт“ во кое отворено говореше на различни теми од неговата кариера, патување, па се до моменталната состојба во фудбалот како во Македонија така и во Италија. Пандев веќе некое време во фудбалска пензија и има доволно време за да кристално чисто види некои работи, да му се посвети на неговиот клуб Академија Пандев, но и на семејството. Популарниот Гоче има многу километри зад себе, има многу приказни, па за прашањата на „Моцарт Спорт“ говореше за почетоците, заминувањето во Италија, работата во Интер, Наполи, Галатасарај, Џенова, но и за нашиот национален тим. Струмичанецот посочи дека едноставно едно време му било срам да се врати во Рим откако доживеавме пораз од Андора. -Имаше периодот кога прескокнав едни квалификации. Кога ќе облечеш дрес на репрезентацијата и вашата земја, сè е поразлично отколку во клубовите. Имаше криза и пораз. Губевме од Андора, се срамев да се вратам во Лацио по ваквите порази. Играте нерешено со Холандија и потоа губите од аматерите од Андора ?! Тоа може само нас да ни се случи. -Ќе се вратам во Рим и не можам да го соберам после тоа, а Делио Роси вика и ме прашува што сум. Ми зборуваше да се откажам од репрезентацијата затоа што секогаш ние секогаш на петтото место во групата. Ама за мене е репрезентацијата на светост. Потоа кога дојде селекторот Ангеловски, менталитетот на играчите се смени. И Лигата на нацијата им олесни на малите земји како што е Македонија, -рече Пандев кој порача дека нема абмвии да стана претседател на ФФМ, но дека не му се свиѓа правецот во кој се движи нашиот фудбал. -Жал ми што морам да кажам, ама се се врати на по старо. Во федерацијата има луѓе кои не се грижат за фудбалот. Отидовме на ЕП и не искористевме ништо од маркетинг, спонзори … се случува тимовите да го откажат учеството во лигата на една недела пред почетокот на сезоната. Тоа е навистина срамота. Луѓето само гледаат личен интерес. Жал ми е и се надевам дека нема да чекаме повторно 30 години да се пласираме на некое натпреварување, но мислам дека со овие луѓе на лош пат. Тоа не е проблем за А репрезентацијата туку за помладите селекции во кои играат деца кои не заслужуваат. Условите за игра се катастрофални, -истакна Горан.
Comments