Пандев дел од легендите на Интер, Фиго со мајсторски гол го најави победникот во Батуми
07.03.2024 Mart Cetvrtok
Горан Пандев е дел од генерацијата на Интер која ја заврши сезоната 2009/10 со три освоени трофеи и како европски првак, а италијанскиот клуб уште еднаш го потврди статусот кој го ужива Македонецот во составот од Милано, со поканата да биде дел од атрактивен ревијален натпревар во Батуми, Грузија.
Домаќини на поранешните ѕвезди на Интер беа екс грузиски играчи како Шота Арвелаѕе и Каха Калаѕе, а најдобриот грузиски состав на ветерани се соочи со „нероазурите“ кои допатуваа со навистина импресивен ростер.
Покрај Пандев, во Батуми играа и Фиго, Снајдер, Маикон, Жулио Сезар, Занети, Лусио, Камбијасо и Милито, а на крајот победникот бил решен со два погодока на гостите. Двете реализации биле во изведба на Португалецот Фиго, а посебно треба да се истакне првиот гол кој веднаш стана хит на социјалните мрежи.
Comentarios