top of page
Search

Памела блеска во црвено на премиерата на својот документарец

Writer: Aleksandar SantovskiAleksandar Santovski

Памела Андерсон го преиспита својот култен изглед во црвено на синоќешната премиера на својот документарен филм „Памела: Љубовна приказна“ во Лос Анџелес. На актерката (55) ѝ се придружија синовите Брендон Томас (26) и Дилан Ли (25) од бракот со поранешниот сопруг Томи Ли. Поранешната плебој-зајчица и ѕвезда на ТВ-серијата Baywatch („Чувари на плажата“) ги покажа својата беспрекорна фигура и затегнатите раце во тесен црвен фустан до подот. И документарниот филм Pamela: A Love Story и нејзините долгоочекувани мемоари Love, Pamela ќе бидат објавени во вторник. Документарецот, кој ќе се емитува на платформата „Нетфликс“, содржи искрени признанија за нејзините шест неуспешни брака, а го продуцираа нејзините синови Брендон и Дилан Ли. Според некои медиуми, токму тие ја убедиле да ја сподели својата животна приказна. Познатата чуварка на плажата од времето на хит-серијата.





 
 

Comments


bottom of page