top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Памела Андерсон се разведува од петтиот сопруг

Памела Андерсон наводно се разделила од сопругот, објавија американски таблоиди. Истите извори пренесуваат дека актерката од Baywatch поднела барање за развод од Ден Хејхерст во нејзината родна Канада, каде што парот живееше по венчавката на Бадник во 2020 година по жешката романса. „Памела сака автентично и живее автентично“, изјави извор близок до неа за списанието „Ролинг стоун“. Инсајдерот ја опиша кратката врска на парот како „пандемиски виор“ што згасна. 54-годишната ѕвезда беше во брак со Томи Ли – татко на нејзините синови Брендон (23) и Дилан (22) – само четири дена по запознавањето во 1995 година, но тие се разведоа во 1998 година. Потоа таа се омажи и се разведе од Кид Рок во 2006 година. Следната година се омажи за Рик Саломон, но нивната заедница беше поништена, сепак парот се венча повторно во 2013 година, но таа поднесе барање за развод на почетокот на 2015 година. Во јануари 2020 година Памела се омажи за холивудскиот продуцент Џон Питерс, но тие се разделија помалку од две недели подоцна и таа инсистира на тоа дека нивната заедница никогаш не била правно обврзувачка. Русокосата убавица моментно престојува во Малибу и го поминува времето со своите синови.




1 view

Comments


bottom of page