Памела Андерсон никогаш нема да ja гледа „Пeм и Томи“
Памела Андерсон никогаш нема да ја гледа серијата „Пeм и Томи“, тврди извор близок до ѕвездата на Baywatch. Гламурозниот модел (54) е тема на серијата на „Хулу“, што ја прикажува кражбата и неовластеното објавување на секс-снимката што ја направила со тогашниот сопруг Томи Ли во 1995 година. Кражбата, наводно, сè уште ја прогонува. „Памела никогаш нема да ја гледа серијата на платформата ‘Хулу’. Кражбата беше кошмар. Оваа кражба е единствената работа што сака да ја избрише од својот живот. Тоа ја прогонува до ден-денес“, извор изјави за „Е! Онлајн“. Изворот продолжи: „Ова беше многу трауматичен период во нејзиниот живот. И шокантно е што тие повторно го создаваат. Очигледно, Памела не заслужува приватност бидејќи е секс-симбол. Тоа е тажен одраз на тоа колку далеку сме стигнале како општество. Каде се извинувањата што ѝ ги должат на Пам?“ Pam & Tommy ја следи бурната и скандалозна љубовна приказна меѓу поранешната чуварка на плажата, спасувачка од Baywatch и тапанарот на Motley Crue, Томи Ли, со фокус на секс-скандалот и последиците што следеа по кражбата на жешката снимка.
Comments