Памела Андерсон наводно ќе глуми во продолжението на српскиот „Јужен ветер“
Српските медиуми тврдат дека најпознатата русокоса Памела Андерсон ќе глуми во третиот дел на „Јужен ветер“. „Вистина е дека во филмот ќе има голема ѕвезда. Не сакаме да го објавиме нејзиното име додека не почне снимањето“, изјави за „Курир“ продуцентката Татјана Жежељ-Гојковиќ. Инаку, третото продолжение на филмот се очекува да пристигне во киносалите во 2024 година и веќе доби поддршка од државата. Продолжението на филмот, пишуваат српските медиуми, носи нови авантури надвор од границите на Србија. Според „Курир“, информацијата дека Памела ќе се појави во филмот не била изненадување со оглед на тоа што таа ги има истите застапници како актерите Вилијам Болдвин и Ерик Робертс, кои глумеа во втората сезона на истоимената серија. Инаку, во серијата „Јужен ветар“, Вилијам Болдвин, глуми поранешен американски амбасадор, кој останал да работи во Србија како лобист, а Ерик Робертс глуми нафтен консултант, кој сака да ја намали зависноста на Европа од рускиот гас.
Comentarios