top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Палмер со серијата голови влезе во трката за „златната копачка“

ФУДБАЛ – АНГЛИЈА

17.04.2024 April Sreda

Кол Палмер (21) постигна четири гола за Челси во победата на дуелот со Евертон, со 6-0, дома, во меч од англиската фудбалска Премиер-лига, и беше едноставно сензационален, постигнувајќи го најбрзиот перфектен хет-трик (по еден гол со левата и со десната нога и со глава), во рок од 29 минути, откако „Грејсноут“ почна да ги запишува тие податоци во 2008 година, пишува „Би-би-си“. Тој со вкупно 20 погодока сезонава се израмни на врвот со Ерлинг Холанд во трката за „златната копачка“ во Англија. Палмер исто така има девет асистенции на неговите 28 натпревари во Премиер-лигата сезонава, стапка на реализација од 33 отсто и висока прецизност на шутот од 67 проценти, исто како и Александар Исак од Њукасл. Палмер сезонава досега постигна 25 гола на 43 натпревари и најмногу голови во лигата во една сезона за Челси откако и Диего Коста постигна 20, во сезоната 2016-2017.– Очекувате тој да се игра добро, но тој игра фантастично и прави неверојатни работи за тимот. Среќен сум поради тоа што постигна четири гола – изјави тренерот на Челси, Маурисио Покетино, за „Би-би-си“.Згора, Палмер стана првиот играч на Челси што постигнал хет-трик во прво полувреме во Премиер-лигата и само вториот играч што постигнал хет-трик дома во Премиер-лигата за Челси, по Дидие Дрогба во 2010 година, потоа првиот играч на Челси што постигнал барем еден гол во седум настапи по ред во Премиер-лигата дома, тој е само третиот играч што постигнал барем 20 гола во својата дебитантска сезона во Премиер-лигата за Челси, по Џими Флојд Хаселбанк (23 во 2000/2001) и Диего Коста (20 во 2014/2015) и ги реализира сите девет пенали што ги изведе во Премиер-лигата, статистичка категорија во која само Јаја Туре (11/11) има подобра, стопроцентна реализација од пенал во историјата на натпреварувањето, пишува „Би-би-си“. Н.М.


0 views

Yorumlar


bottom of page