top of page

Палестина првпат во историјата има претставничка на изборот за мис универзум

19.08.2025 Avgust Vtornik

Палестина ќе се придружи на изборот за мис универзум првпат по 74 години. Моделот Надин Ајуб ќе ја претставува земјата на 74. избор за мис универзум, кој ќе се одржи во Пак Крет, Тајланд, во ноември.Таа сподели емотивна порака на „Инстаграм“ нагласувајќи ја важноста на моментот: „Чест ми е да објавам дека Палестина ќе биде претставена на ‘Мис универзум’ првпат. Стапнувам на сцената на ‘Мис универзум’ не само со титула туку и со вистината“.„Додека Палестина минува низ срцекршачка криза, особено во Газа, го носам гласот на народот, кој одбива да биде замолчен. Ги претставувам секоја палестинска жена и секое дете, чија сила светот треба да ја види. Ние сме повеќе од нашето страдање – ние сме отпорност, надеж и срце на татковината што живее преку нас“, додаде таа.27-годишната Ајуб е фитнес-тренер и нутриционист, која сега живее во Дубаи, пишува „Араб њуз“. Таа веќе постигна значајни успеси во светот на натпреварите за убавина: во 2022 година таа ја зеде дома лентата Miss Earth Water на натпреварот Miss Earth во Манила, а исто така беше првата жена што ја претставуваше Палестина на овој натпревар. Miss Earth е еден од четирите најголеми избори за убавина во светот заедно со Miss World, Miss Universe и Miss International.Истата година таа беше крунисана за мис Палестина, а покрај светот на модата и убавината, таа е активна и во областа на образованието. Таа ја основа Академијата „Олив грин“, училиште за креирање содржини, кое комбинира одржливост со вештачка интелигенција, со цел да понуди иновативен пристап кон образованието и дигиталната креативност.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page