top of page
Search

„Паланечка дума“: вечер на локалните книжевните автори од Крива Паланка

08.07.2024 Juli Ponedelnik

Вечерва, 8 јули, со почеток во 20 часот, летната сцена на градскиот плоштад, ќе биде средиште на културниот настан „Паланечка дума“, кој ги обединува кривопаланечките книжевни таленти и автори.

Оваа специјална вечер е посветена на сите роднокрајни автори, кои со своите дела во белетристика – поезија, романи и драми, ја збогатиле литературната збирка на градот. Од вкупно 30 автори, кои живеат во Крива Паланка или имаат кривопаланечко потекло, пред публиката ќе се претстават 20 локални творци од разни генерации, со извадоци од творештвото на веќе публикувани дела.

Специјлен гостин е младата и талентирана Нина Николовска од Крива Паланка, која ќе ја збогати литературната вечер со интерпретација на неколку музички нумери.

Сите заинтересирани љубители на книжевноста се поканети да го доживеат овој уникатен момент заедно со авторите и да уживаат во вечерта полна со инспирација и културно богатство.

Настанот е дел од манифестацијата „Крива Паланка – град на културата 2024“ и Кривопаланечко културно лето.


1 view

Comentários


bottom of page