top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пак ќе блесне оган под ѕвездите со песните на „Меморија“

Најава за концерт под ведро небо на 11 јуни на стадионот на АРМ во Скопје

„По големиот повратнички концерт на групата Меморија“ во арената „Метрополис“ во Скопје, која за жал веќе не постои, што се случи пред пет години, кој на сите им покажа и докажа дека не ни требаат странци за да наполниме голема сала, вистинско време е за уште еден спектакл со членовите на бендот, овојпат под ведро небо, што ќе се случи на 11 јуни на Стадионот на АРМ во Скопје. Целата приказна е замислена како свеовидна матурска средба на неколку генерации, кои паметат посреќни времиња,но и на оние чии тинејџерски години допрва доаѓаат. Тоа ќе биде размена на енергии на повеќе генерации, сплотеност и верба во вистиснките вредноси и оние музичките и оние човечките “, со овие зборови ја отвори денешната прес -конференција во градската кафеана „Пелистер“, Антонио Димитриевски, новинар и ТВ водител, некогашен член на групата, која ете сите овие години успева да му одолее на времето.

На голема радост на сите почитувачи на групата, на концертот одново ќе ги слушнеме од големата концертна сцена нивните најголеми хитови како: „Нена“, „Одам засекогаш“, „Оган под ѕвездите“, „Нашите слики“, „Зошто Боже“, „Дирлада“, „Снежо-Снежана“…

Според лидерот на групата Петар Георгиевски алиас Перо Камиказа, концертот ќе биде збогатен со специјални гости, како и проследен со специјални светлосни и визуелни ефекти.

– По еуфоријата од пред 5 години, кога не ни знаевме што не снајде, сега ќе ја има истата еуфорија и емоција, но со многу посилен интензитет. Ова што не чека е навистина големо и сите ние го чуствуваме како трка на столетието, а потоа многу лесно ќе истрчаме и во повеќе градови низ Македонија.Ние ќе да деме се од себе, а ќе имаме извонредни гости: ќе има предгрупа која се разбира ќе свири македонска мзуика, а потоа Венко Среафимов и Сеат Јакупи од групата „Конкорд“ ќе ја изведат култната песна „Високи штикли и црни чорапи“, ќе ја слушнеме и „Ареа“ од Гостивар, бенд кој исто слави 30 години оваа година, а ќе му оддадеме почит и на скопјанецот Аки Реахимовски со една изведба. Ќе има и други изненадувања кои допрва ќе ги откриеме – откри Перо Камиказа.

Збор земаа и останатите членови на групата, овој пат осумммина на број: Перо – бас, Цале – тапани, Мичо- гитара, Бане-гитара, Поце – вокал, Ристо-вокал, Валентино-клавијатури и Давор (Јордановски) – клавијатури, кој како некогашен член, специјално му се приклучи на бендот за оваа прилика, доаѓајќи од Канада каде живее и работи последниве години.

Секој од членовите имаше свое обраќање каде остави парче сеќавање на минатиот, повратнички во „Метрополис арената“ и свое видување низ куса приказна за следниот голем концерт, на стадионот на АРМ на 11-ти јуни во Скопје, по што тие одговараа и на новинарските прашања.

Тапанарот Сашо рече дека пробите се одвиваат фантастично и ниеден бенд во Македонија немал досега вакви услови да прави коцнерт, со такви перформанси, а за клавијатуристот

Валентино Скендеровски задоволството околу подготовките е уште поголемо, бидејќи ова е бенд составен од другари, пријатели, па и кумови. Тој се надева дека исто како и пред пет години и на 11 јуни она што ќе го направи „Меморија“ долго ќе се памети.

Мичо Божиков се надева на полн стадион и очекува бројна публика, а вокалот Поце посакува по Стадионот на АРМ, групата да засвири и на Градскиот стадион.

Ристо Самарџиев, вокал, посакува повторно убава енергија, забава, радост и дружба како и пред пет години, а членовите на групата овојпат ќе возвртата многу посилно.

Гитаристот Бане откри дека свирачки групата звучи многу моќно, а клавијатуристот Давор Јордановски е среќен што по 20 и кусру години сите се потвроно заедно.

– Во 2017 година за жал не можев да дојддам, но еве сега на 11 јуни ве поканувам сите да дојдете, ќе биде нзаборавна журка – рече Давор.

За крај, двата вокали на „Меморија“, Апостол Поце Икономов и Ристо Самарџиев, заедно со гитаристот Мичо Божиков во акустична – анплагд верзија ги изведоа за присутните новинари и гости во градската кафеана „Пелистер“ двете легендарни балади на групата: „Нашите слики“ и „Оган под ѕвездите“.

Билетите за концертот ќе бидат пуштени во продажба денеска во 18 часот по цена од 500 и 600 денари, но како ќе наближува коцнерот нивната цена ќе расте, а ќе можат да се набават преку „Купи карти за се“ и во Југотон -ГТЦ во Скопје.





2 views

Comments


bottom of page