Павлов и Мојсовска се најдобри каратисти за 2021 година
18.01.2022 Januari Vtornik
Плакети за промоција на македонското карате на ЛОИ добија Јованоска и Андриевски
Карате-федерацијата на Македонија (КФМ) на посебна свеченост во Скопје ги избра најдобрите за 2021 година. Така, светскиот вицепрвак Емил Павлов (Штип) и Ангела Мојсовска (Макпетрол) се прогласени најдобри каратисти. Во кати, признанијата им припаднаа на Пулексенија Јованоска (Фунакоши Гичин) и на Александар Неделковски (Металург). Јованоска и нејзиниот тренер и селектор во кати Стојан Андриевски добија плакети за промоција на македонското карате на минатогодишните Летни олимписки игри во Токио. За најуспешен сениорски клуб е избран Штип, а за најдобар тренер Сашко Арсовски, тренерот на Штип. За најдобар младински машки клуб е прогласен Олимпик спорт 2007, а за најдобар младински тренер Александар Кузмановски. Најуспешен сениор во кати до 21 година е Марко Бунтески (Гладијатор), а сениорка Каролина Јанчовска (Фунакоши Гичин). Најдобар сениор во борби до 21 година е Столе Смилковски, а сениорка Марија Милева, и двајцата од Олимпик спорт 2007. Најуспешни јуниори во кати се Давид Спасовски (Фунакоши Гичин) и Мартина Арсовска (Гладијатор), а во борби Стефан Стојановиќ (Макпетрол) и Алиу Рудина (Куштрими). Најдобри кај кадетите во кати се Марко ПопТодоров (Гладијатор) и Данка Стојкова (Сансаи Метал Апостолов). Во истата конкуренција, но во борби, најдобри се Андреј Басаров (Шти) и Сара Дука (Уранику).
コメント