top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Павле Камилоски од “боса нова“ стилот, до поп-фанк во песната “Да си моја ти“ – концерт, пред Нова г

Павле Камилоски од “боса нова“ стилот, до поп-фанк во песната “Да си моја ти“ – концерт, пред Нова година Павле Камилоски сега веќе на нашата музичка сцена е познат по своите традиционални предновогодишни скопски концерти кои со неговото пеење ја разубавуваат уште повеќе свечената атмосфера која владее тие денови во македонска метропола. Така ќе биде и оваа година. Концертот е закажан за 15-ти декември во МНТ со почеток во 20 часот. Камилоски, некогаш препознатлив по боса нова стилот, и во песните и во начинот на облекувањето, сега се “поигрува“ со еден друг правец во музиката. Но, сепак задржани се силните емоции, а тоа Павле одлично знае да го одработи.

Предновогодишниот концерт ќе биде и прилика да се промовира неговата нова песна во новиот стил, “Да си моја ти” инаку, петта авторска на Павле Камилоски. Песната е во тој модерен поп стил со примеси на фанк, а пренесена е и во видео спот во кој балерината Никита автетично ја доловува приказната.

Емоцијата во песната “Да си моја ти” заедно со атрактивниот Павле ја пренесува и талентираната исто така атрактивната уметница Наташа Миха, која се јавува како придружен вокал. Продуцентот и гитаристот Дамир Пух ја аранжирал хармоничната мелодија.

Инаку, спотот е во режија на докажаниот маестро Александар Ристовски Принц за кој Павле кажува дека “во буквална смисла Принц го зборува мојот јазик и со леснотија го продуцира она кое што јас го чувствувам.” Спотот се снимаше во убавиот Галичник, од каде што се корените на Камилоски.

-Mојот прекрасен Галичник прикажан преку нежноста и елеганцијата на Никита никогаш не изгледал поубаво, воодушевено ќе каже Павле за местото на своето потекло. Д.М.



1 view

Opmerkingen


bottom of page